Вкупно 35 милиони денари или околу 600 илјади евра субвенции ќе добијат субјектите кои се занимаваат со рибарство и аквакултура. Јавниот повик е веќе објавен и ќе трае до 30 овој месец. Од вкупните средства за субвенции, 15 милиони денари се планирани за произведена и продадена риба, а 20 милиони денари за произведен подмладок односно матици за риба. Сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат треба да ги поднесат потребните документи до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информираше дека со по 10 денари ќе се субвенционира секој килограм произведена и продадена риба од видовите виножитна пастрмка, поточна златовчица, крап, амур, сом и тостолобик, а со по 20 денари речната и охридската пастрмка.
Вкупно 35 милиони денари или околу 600 илјади евра субвенции ќе добијат субјектите кои се занимаваат со рибарство и аквакултура. Јавниот повик е веќе објавен и ќе трае до 30 овој месец.
Од вкупните средства за субвенции, 15 милиони денари се планирани за произведена и продадена риба, а 20 милиони денари за произведен подмладок односно матици за риба. Сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат треба да ги поднесат потребните документи до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информираше дека со по 10 денари ќе се субвенционира секој килограм произведена и продадена риба од видовите виножитна пастрмка, поточна златовчица, крап, амур, сом и тостолобик, а со по 20 денари речната и охридската пастрмка.
- Заради поттикнување на конкуренцијата и поддршка на сите субјекти кои постојат во овој сектор ќе се задржи скалестото субвенционирање. Сите субјекти кои поседуваат рибници во кои се произведува риба со капацитет до 25 илјади килограми ќе добијат 100 проценти од субвенцијата, рибниците со 25 до 50 илјади килограми ќе добијат 75% од субвенцијата, рибниците од 50 до 100 илјади килограми ќе добијат 50%, а оние кои имаат рибници со над 100 илјади килограми ќе добијат 25% од субвенцијата, појасни Ѓорѓиев. Во однос на подмладокот, за чување на риба матица финансиската поддршка ќе се исплаќа во висина од 600 денари по риба со тоа што за видовите речна, виножитна и охридска пастрмка ќе се финансираат до 700 броја на произведена риба, за крапот ќе се финансираат најмногу до 300 риби, а за останатите видови до 50 произведени единици. За набавениот производителен подмладок ќе се дава субвенција со која ќе се покријат 40% од трошоците за набавка на подмладокот.